👁️  754

На 07.09.2022 во 07.45 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.”Партизански одреди” со бул.”Св.Климент Охридски” патничко моторно возило “алфа ромео” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Скопје, удрило во електричен тротинет “топлајф”, управуван од С.Н.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во болницата “Систина”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.