На 21.10.2025 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(38) од Скопје и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Г.(51) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.







