Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Ресен, еве ги деталите

На 17.10.2025 година во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(58) од селото Речани, кичевско и товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(27) од селото Беранци, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П, а со телесни повреди се здобил возачот В.Б., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти МВР.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.