На светските берзи минатата недела цените на акциите значително пораснаа бидејќи макроекономските податоци ги поттикнаа надежите дека економиите на САД и еврозоната би можеле да избегнат рецесија, и покрај високата инфлација и зголемените каматни стапки.
На Волстрит, „Dow Jones“ порасна за 1,8 отсто, на 33.978 поени, додека „S&P 500“ скокна за 2,5 отсто, на 4.070 поени, а индексот Nasdaq порасна за 4,3 отсто, на 11.621 поени.
Растот на индексот главно се должи на надежта на инвеститорите дека американската економија „блако ќе слета“ и на тој начин ќе избегне рецесија.
БДП порасна над очекувањата на аналитичарите.
акциите пораснаа минатата недела. Сепак, лондонскиот „FTSE“ индекс ослабе за 0,05 отсто, на 7.765 поени, но франкфуртски „DAX“ порасна за 0,8 отсто, на 15.150 поени, а париски CAC за 1,5 отсто, на 7.097 поени.
Пазарите се во оптимистичко расположение бидејќи макроекономските податоци објавени минатата недела ги зголемија надежите дека економијата на еврозоната би можела да избегне рецесија, и покрај енергетската криза и иако Европската централна банка ги зголемува каматните стапки за да ја спречи инфлацијата.