👁️  3491

Чест за нашиот медиум е да бидеме пријатели со најголемата и најблагородна хуманитарна организација на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА „СВЕТИ СПАС”, истата има за цел да им помогне на сите граѓани на кои им е потребна помош, без разлика на вера, националност и политичка определба. Помошта се состои во храна, хигиенски производи, обувки, реновирање изградба на домови и помагање за собирање средства за операции.

Хуманитарната организација „СВЕТИ СПАС“ е основана со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и помага на повеќе семејства и поединци со потребни сретства за пристоен живот.

Нашиот медиум и хуманитарната орагнизација „СВЕТИ СПАС“ e отворена за соработка со сите хумани луѓе, компании и институции кои сакаат да помогнат, тоа може да го направат многу лесно на копчето ДОНИРАЈ.

Повеќе информации може да добиете на следните линкови во продолжение:

  • Помагатели и пријатели на „СВЕТИ СПАС” се повеќе општествено одговорни компании кои заслужуваат да бидат потенцирани и на кои бескрајно им сме благодарни: ЗЕГИН, АВИЦЕНА, АНАКОМ, РУДИНЕ ММ, ПЕКАБЕСКО, КАРГО ЕКСПРЕС, ГУЛФ ОИЛ, ЗДРАВЈЕ РАДОВО, VOD SOLUTIONS, АЛКАЛОИД, РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС, РАДЕ КОНЧАР ТЕП, ОЛИШПЕД, ВС ПРОФЕСИОНАЛ, МЛЕЧЕН РЕСТОРАН АНТОНИО, РЕСКОМ РЕСЕН, MILANBS BLAZE TRANSPORT, СЛАТКАРНИЦА КАРМЕН, ЗИМ-08, ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА, ТОБАКО ЛИЧЕ, мноштво анонимни браќа и сестри, како и сите храмови и свештеници од Скопската Православна Епархија, а секако мора да ги споменеме и луѓето кои секој месец одвојуваат од своите скромни примања за да им помогнат на социјално загрозените браќа и сестри.

Повеќе хуманитарни акции може да погледнете ТУКА.