СВЕДОШТВО НА ОНКОЛОГОТ ДАЛГЛИШ ВО СЕНАТОТ НА САД: мНРА може да се вметне во ДНК и да активира онкогени

Д-р Ангус ДАЛГЛИШ 

Онколог и почесен професор на Универзитетот „Сент Џорџ“ во Лондон

Ова е интегралното сведоштво на професорот Далглиш од 3 јуни откога претходно положи заклетва во Сенатот на САД. Сенаторот Џонсон го претстави како лидер во имунотерапијата за канцер и во лекувањето на ХИВ и добитник на наградата  „Џошуа Ладерберг“ во 2011 година за неговата работа во развој на третманите против канцер.

„Ви благодарам многу што ме поканивте да сведочам за ова. Би сакал да истакнам дека, како што кажавте, јас се занимавам со имунотерапија на рак.

Се занимавам со имунотерапија на рак повеќе од три децении и имам направено значителен напредок во третманот на ракот со имунотерапија. Ова ја поставува основата за она што подоцна, во почетокот на 2022 година, станав свесен за моите пациенти кои биле стабилни со години, главно пациенти со меланом.

Тие имале примено разни типови имунотерапија и во рок од шест недели видов шест пациенти со релапс на меланом. Тие биле стабилни од три до 18 години. Се чувствувале добро, освен релапсот, и со истражувачки пристап прашав што им е заедничко. Единствената заедничка работа беше дека сите имале примено бустер ковид-вакцина од своите матични лекари.

Знам дека овие карциноми се целосно контролирани од одговор на Т-клетките. Затоа веднаш посомневав дека одговорот на Т-клетките бил нарушен и првичните истражувања покажаа дека тоа најверојатно е точно.

Потоа беше објавен труд од лекари во Мадрид, „Доказ за исцрпени лимфоцити по третата анти-SARS-CoV-2 вакцина кај пациенти со рак“. Тоа беше навистина зачудувачки труд, кој кај стотици пациенти покажа појава на супресија на Т-клетките.

Паралелно со ова, следуваа многубројни извештаи дека по бустер-вакцината се забележува промена во IgG-имуноглобулините, односно префрлување на имунолошкиот одговор. Тоа значи дека имунолошкиот систем се префрла од агресивна одбрана против надворешни напаѓачи кон состојба на толеранција. Како резултат на тоа, имунолошкиот систем почнува да го толерира ракот и токму тоа почнавме да го забележуваме.


Сепак, важно е да се каже дека по моето првично известување почнавме да добиваме и извештаи за други видови рак. Мојата првична опсервација дека сè е резултат на Т-клеточна супресија почна да се менува бидејќи се појавија и други можни фактори поврзани со вакцината. Колоректален карцином, на пример, беше пријавуван од моите пациенти и колеги хирурзи како случаи што се дијагностицираат доцна, во стадиум четири, наместо во стадиум еден или два, и тоа кај пациенти во нивните 20-ти, 30-ти и 40-ти години, што претходно не сме го гледале.

Во мојата сопствена практика, додека барав пациенти што имале други видови рак, забележав дека и тие примиле бустер-вакцини. Ги наведувам во мојот извештај. Станува збор за разни видови рак, од најчестите, како рак на дојка, рак на простата и други, па сè до некои навистина неочекувани, вклучувајќи глиом и во поново време хематолошки малигнитети.

Разгледувајќи ја литературата за тоа зошто би можело да биде така, учествувам во две големи публикации. Едната беше прифатена пред измените и покажува дека постојат извонредни механизми, најмалку десетина, преку кои мНРА може да се вметне во ДНК и да активира онкогени, а уште поважно, особено на долг рок, може да ги потисне заштитните механизми што го спречуваат развојот на ракот. Тоа значи дека ако ракот почне да се развива, вообичаено би бил одржуван под контрола, но овој механизам е попречен. Бројот на луѓе што го покажале ова е навистина огромен.

Затоа како онколог почнувам да гледам дека не се само моите пациенти. Станува збор и за луѓе што многу добро ги познавам, кои заболуваат од рак, а болеста кај нив напредува поагресивно и третманот не влијае ни приближно толку добро како порано.

Навикнат сум луѓето да велат: „Нема докази дека ракот се зголемува и дека тоа има врска со вакцината“. Но можам да ве уверам дека многу од пациентите што сум ги видел претходно посетиле десетина лекари. Ниеден од нив никогаш не прашал за историјата на вакцинација. Па, затоа, се разбира, не гледаат никакви докази.

Моето детално истражување за мНРА-вакцините, како и фактот што пет години бев член на научниот одбор на компанија што се претставуваше како компанија за мНРА-вакцини, а ја напуштив пред осум години, значи дека знам многу повеќе од просечниот клиничар. Тоа ме наведува мене и многумина други да сметаме дека оваа технологија не може да се контролира и дека нејзината употреба за идни вакцини треба да биде забранета, а ковид-вакцините да бидат повлечени“. /дј