ФИФА официјално потврди дека казната нема да остане ограничена само на европско ниво, туку ќе се применува глобално, што значи дека важи и за Светското првенство.
Престијани е суспендиран на шест натпревари, од кои три се условни. Еден меч веќе е одработен, и тоа ретроактивно по дуелот со Реал Мадрид.
„Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да ја прошири суспензијата изречена од УЕФА на светско ниво, согласно член 70 од Дисциплинскиот кодекс“, изјави портпарол на ФИФА.
Со ваквата одлука, речиси е сигурно дека Престијани ќе ги пропушти првите два натпревари на Аргентина на Мундијалот. Дополнителна неизвесност постои доколку дојде до нов прекршок, бидејќи тогаш би се активирал и преостанатиот дел од казната.
Сето тоа го става селекторот Лионел Скалони пред тешка одлука – дали воопшто да смета на Престијани во конечниот список за турнирот во САД.