Судир помеѓу лимузината во која бил хрватскиот премиер со возило од конвојот

Во центарот на главниот град на Хрватска, Загреб денеска се судрија две блиндирани возила. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица.

Во едното блиндирано возило се превезуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Инцидентот се случи кога блиндираното возило со кое се превезуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се судри со друго возило од конвојот.


Полицијата го истражува случајот.

Пленковиќ користи луксузно „Ауди А8 Л Секјурити“, специјално модифицирана и блиндирана лимузина, што тежи тежат речиси четири тони поради инсталираните челични плочи, повеќеслојното непробојно стакло и специјалните системи за заштита од експлозии и хемиски напади. Овие возила ги користи хрватското Министерство за внатрешни работи за превоз на највисоки државни функционери и заштитени лица од прва категорија.