СДС со децении преку своите инсталации во судството и обвинителството се штити од криминалот кој го прават и го фрустрира народот, посочи пратеникот Бојан Стојаноски во „За или против“ на ТВ Алфа.
-Го прават она што со децении го прават. Имаат инсталации во судовите, имаат инсталации во обвинителството. Многу чудно, ќе го споменам и се надевам нема да ми се налути поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, човекот со години беше во притвор, секогаш кога на СДС им требаше да прикријат некој скандал човекот одеше во притвор. Нивниот поранешен претседател (Заев) за милонски поткуп инфлагранти фатен како наместил тендер за три дена го пуштија од Шутка да се прошета како на плажа. Случајот Мазут тежок стотици милиони евра ги пуштија сите и сврзно ткиво е истиот обвинител, потсети стојаноски.
Овој народ многу го фрустрира тоа што ги гледа истите во собранието, ликови кои наместо да даваат одговори пред судии седат онаму користејќи го пратеничкиот имунитет и напаѓаат, клеветат и инсинуираат и продолжуваат да лажат, потенцира пратеникот во интервјуто со новинарот Љупчо Цветановски.
-Кажа премиерот на пратенички прашања, овој народ многу го фрустира тоа што го гледа зоран Заев на јати, овој народ многу го фрустира тоа што го гледа Венко Филипче во Дубаи, овој народ многу го фурстрира тоа што ги гледа истите во собранието, кои наместо да даваат одговори пред судии седат онаму користејќи го пратеничкиот имунитет и напаѓаат, клеветат и инсинуираат и продолжуваат да лажат. Тоа е разликата меѓу нас и меѓу нив. Тоа е начинот на кој тие одбираат да водат политика и да се однесуваат во општествениот живот. така било и така ќе биде со нив за жал, посочи Стојаноски.
https://www.youtube.com/watch?v=jiSJ6t6zsi0








