СПАСОВСКИ ЗА ПАСОШИТЕ И ПЕНДАРОВСКИ: Време е на избори и секој сака да даде соодветни изјави, но не треба во наплив од емоции

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се јави со свој став во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека Владата е таа која треба да побара пролонгирање на рокот за патните исправи.

Тој во изјава за ТВ21 порача дека сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави.


– Јас не би навлегувал во никакви конфронтации. Прво да кажам дека роковите не се утврдуваат на Влада, роковите се утврдуваат со закон. Второ самиот факт кој го изнесе и претседателот дека имаме потреба да се промени законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така затоа што законот никогаш не бил сменет за да може да се продолжува рокот, вели Спасовски.

Тој додава дека не треба да се биде под наплив на емоции.