Кошаркарите на Канада триумфираа со 128-73 против Либан во второто коло од Мундобаскетот, а дури девет репрезентативеци имаа двоцифрен број на поени.
Победникот беше решен уште во првото полувреме, кое ѝ припадна на Канада со 56-30, а до крајот на третата четвртина Канаѓаните стигнаа и до 100 поени, по што рутински ги одиграа последните 10 минути.
Најефикасен во победата на Канада беше Барет со 17 поени и три асистенции, додека Спелман запиша 16 поени за Либан.