„Соработката со СБ се фокусира на реализација на стратешките реформи за повисок квалитет на животот, подобра институционална ефикасност и одржлив економски развој“

Секогаш продуктивен разговор со извршниот директор во Одборот на Групацијата Светска банка – Холандска Конституенца, Јуџин Ругенат, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.


Соработката со Светската банка се фокусира на реализација на стратешките реформи кои ќе овозможат повисок квалитет на животот, подобра институционална ефикасност и одржлив економски развој, пишува во својата објава Димитриеска-Кочоска.