Во пост на социјалната мрежа Икс/Твитер, Славески се обраќа до амбасадата на САД во Скопје.
„Се чини дека во крвта на американските демократи е да се закануваат и да го плашат електоратот, и дома и во странство, за време на предизборниот период.
Синоќа, откако поранешниот претседател Трамп решително го победи својот последен преостанат ривал за номинацијата на Републиканската партија во Њу Хемпшир, претседателот Бајден, откако заклучи дека „сега е јасно дека Доналд Трамп ќе биде републикански кандидат“, предупреди дека „влогот не може да биде поголем“, велејќи дека американската „демократија“, „личните слободи“ и американската економија „сите се во прашање“.
На домашен (македонски) фронт, неговиот пратеник, помошникот секретар Џим О’Брајан, со неговите изјави, се надевам ненамерно, ги охрабри високите претставници на владејачките партии, СДСМ и ДУИ (Артан Груби, Бојан Маричиќ, Димитар Ковачевски), да сеат раздор и да го плаќаат електоратот пред претстојните претседателски и општи избори оваа пролет, со гадна реторика од Студената војна.
Овие гестови не ѝ служат на демократијата и може да го трујат политичкиот и социјалниот амбиент кај нас.
Ве молам запрете ја оваа грда пропаганда пред да биде предоцна!“, напиша Славески.
𝐒𝐜𝐚𝐫𝐞𝐦𝐨𝐧𝐠𝐞𝐫𝐢𝐧𝐠! 𝐇𝐨𝐩𝐞𝐟𝐮𝐥𝐥𝐲, 𝐧𝐨𝐭 𝐟𝐨𝐫 𝐦𝐮𝐜𝐡 𝐥𝐨𝐧𝐠𝐞𝐫.
It seems that it is the US Democrats’ blood to threaten and scare the electorate, both home and abroad, during the pre-election period.
Last night, after the former President Trump had… pic.twitter.com/UN1Tbxx4jP— Trajko Slaveski (@TSlaveski) January 24, 2024