Скопскиот аеродром со важно известување до сите патници

ТАВ Македонија информира дека од денеска, 21-ви мај 2026 година, во тек се градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје.

Поради оваа причина од скопскиот аеродром информираат дека можни се привремени ограничувања и побавен проток на патници при безбедносната проверка.


-Затоа, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот на време, односно најмалку 2 часа пред закажаното време на полетување. Ви благодариме за вашето трпение и разбирање, се наведува во објавата.