СКОПЈАНЕЦ „ЛЕТАЛ“ НИЗ СОПОТНИЦА: В.Ц. (50) возел со брзина од 106 км/ч во населено место во Демир Хисар, каде што е дозволено 50 км/ч

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи (ОВР) Демир Хисар на патот Р-1305 во демирхисарското село Сопотница, при радарска контрола констатирале дека патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ц.(50) од Скопје, се движело со брзина од 106 км/ч во населено место, каде што е дозволена брзина од 50 км/ч.


Од секторот за односи со јавност на СВР Битола информираа дека по документирање на настанот против В.Ц. ќе следува пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.