Штип УГД го одбрани домашниот терен и поведе во финалната серија

Одбојкарите на Одбојкарски клуб Штип Угд со убедлива победа од 3:0 во сетови (25:15, 25:22, 25:17) над Борец Велес ја отворија финалната серија за шампионската титула.

Лидерот во првенството имаше контрола над играта и резултатот во текот на целиот натпревар, а мала неизвесност понуди само вториот сет.

Задмард со 15 поени го предводеше штипскиот состав, додека Илиев со 13 поени го следеше.


Во редовите на Борец Велес, Оливера реализираше 14 поени, а Бастос освои девет поени.

Вториот натпревар од серијата ќе се игра в понеделник, со почеток од 20.00 часот, во Велес.