Шкендија со минимален пораз од Карабах на првиот меч од 3. коло во ЛШ

Македонскиот фудбалски првак Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“, претрпе минимален пораз од 1-0 од тимот на Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло во ЛШ.

Клучниот момент на мечот се случи во 18. минута, кога Вебстер го фаулираше Андраде во шеснаесетникот, а сигурен реализатор на пеналот беше Бајрамов.

Шкендија имаше многу шанси на овој меч да дојде до израмнување, и да извлече подобар резултат, но треба да се има во предвид дека и гостите од Азербејџан лесно можеа да стигнат и до 0-2, но голманот на тетовскиот тим Гаје беше брилијантен.


Најубавите прилики за тимот од Тетово ги имаа Тамба и Бесарт Ибраими, но не го најдоа патот го мрежата.

Реваншот е следната недела во Баку, каде што на Шкендија сега ќе и треба победа ако сака да ги задржи шансите за историски пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите.