Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде денеска и утре ќе учествува и ќе претседава со седниците на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Највисокиот руски дипломат денеска се очекува да одржи состанок со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, а постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја претходно изјави дека Русија „има многу теми за разговор“.