Семакедонски Собир

Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Поранешен полициски инспектор и претседател на невладината организација ,,ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.

На 4.02.2024 год во Офицерскиот дом во Битола се одржа Семакедонски Собир на кој имав чест да присуствувам, на собирот беа присутни преставници од македонските Здруженија од соседните држави но и од единствената македонска партија од Албанија. Собирот го отвори и воведно излагање имаше Г дин Тони Коњановски актуелен градоначалник на Општина Битола. На собирот имаше две теми и тоа:

  • Чествување на 152 год. од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.
  • Остварување на националните права на македонците во Бугарија.

Македонците од соседните држави како преставници на тамошните здруженија ги изнесоа проблемите со кои се среќаваат при остварување на нивните малцински и човекови права.

Во однос на човековите права како индивидуалани но и колективни на македонците во соседните држави би кажал и јас неколку збора со што се надевам да ќе допринесам во начинот на остварување на тие права. Имено од памтивек македонскиот народ каде и да живее го следи за жал еден феномен а тоа е не единство за остварување на виталните национални интереси. Така и во минатото во илинденската епопеја нашите македонски револуционери, великани немале единствена заедничка цел за начинот за ослободување од тогашната турска империја, се бореле, гинеле но парциално, користеле различни знамиња и затоа во однос на другите народи на Балканот не успеале да се ослободат.


За Време на НОБ револуцијата во Македонија отпочнала навреме но се разгорила покасно и за жал Македонија заради не единство на тогашните македонски партизани и нивните преставници но и заради меѓународните интереси Македонија ја создале како држава на дел од територијата. Тоа не единство за виталните национални интереси на македонскиот народ и држава продолжи и понатаму а особено се зголеми со осамостојувањето на РМ и со воведувањето на плурализмот во РМ. Од тие причини накратко ќе се обидам да укажам според мене како нашите македонски малцинства би ги оствариле своите индивидуални и колективни права во соседните држави каде што живеат а кое прашање е и од национален карактер.

Имено со формирање на новата влада во РМ очекувам да таа влада посвети поголемо внимание токму на прашањето македонските малцинства во соседните држави и македонската дијаспора. Најпрво во МНР треба да се создаде Сектор или Одделение кои исклучително ќе работи на прашањето човекови, индивидуални, малцински права на македонците кои живеат во соседните држави. Секако дека званичното барање на македонската држава за човековите права на македонците во соседните држава ќе предизвика отпор кај тие држави. Токму од тие причини најсоодветно во почетокот ќе биде соработката на македонската држава и македонскиот народ како матица РМ да се одвива на културен план со македонските малцинства, а тоа значи организирање на меѓусебни посети на културно уметнички друштва, посети на театри, отварање на ликовни галерии и изложби, организирање на разновидни спортски натпревари и сл. Овие средби би биле организирани директно од тие друштва но и од Невладини организации а индиректно организирани, финансирани или потпомогнати од РМ. Вакви средби би се случувале како во РМ така и градовите во соседните држави каде живеат македонците. На тие средби ќе се запознаваат, зблужуваат младите македонци од сите делови на Македонија, ќе се воспоставуваат сестрани врски, бизнис врски, ќе има склопување на бракови и сл. Само така македонскиот народ меѓусебно што повеќе ќе се запознава, соработува и зближува што е и пресудно за иднината. Доколку тоа не се случува македонскиот народ ќе биде разединет, меѓусебно отуѓен и асимилиран, нешто слично како северно корејскиот со јужно корејскиот народ. Истовремено властите во тие држави тешко ќе ги спречуваат ваквите средби бидејќи ќе се работи за културни средби. Македонците кои живеат во соседните држави треба што поактивно таму да се организираат во клубови, друштва, невладини оганизации и сл. и преку нив како во државите каде што живеат така и преку соработка со меѓународните организации за човекови права ќе си ги бараат своите права.
Македонската држава легално преку МНР и останатите мекедонски преставници во меѓународната заедница ОН, ЕУ, Советот на Европа, Судот а човекви права во Стразбург и др. што поактивно да бара да тие права на нашинците во соседните држави се остваруваат. Воедно македонската држава во односите со соседите треба постојано да го користи меѓународниот принцип „ Реципроцитет“, тоа значи во конкретниот случај измисленото бугарско малцинство во Македонија би се вметнало во македонскиот Устав тогаш кога Р Бугрија ќе го признае македонското малцинство таму со сите права кои му следуваат согласно меѓународните конвенции. Во светот во странски влади има македонци кои работат, има мешани бракови помеѓу македонци и влијателни странци, има влијателни македонци во странските држави, сите тие треба да се бараат, комуницираат и ангажираат во остварувањето на правата на македонските малцинства.

Според мене битен сегмент е да македонската држава на сите македонци кои ќе бараат македонско државјанство да тоа им го даде. Во тој контекст треба Законот за државјанство да претрпи измена и како основ за давање на државјанство да биде основот давање на државјанство по потекло односно по род. Тоа значи ако барателот на државјанство ако докаже да неговото потекло или по род бил македонец во смисол да неговиот дедо, прадедо или парабаба биле македонци да тој доколку ги исполнува останатите услови да добие македонско државјанство . Ова е особено важно за македоските малцинства но и за македонците кои живеат во светот односно за нашата дијаспора. Ваков или сличен закон имаат соседните држави.

04.02.2024
Битола