Сеизмолошката опсерваторија со детали: Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје

Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтер, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала.


Земјотресот е регистриран во 17:41 часот.