„Седмица“ лани остварила приход од 4,2 милиони евра

Познатиот скопски фаст фуд бренд „Сендвичара 7“ лани остварил приход вреден 4,2 милиони евра, пишува „Фактор.мк“.

Компанијата со три сендвичари и еден скара ресторан постои 36 години и има 86 вработени. Добивката од продажбата на повеќе од милион плескавици лани на „Сендвичара 7“ и донела добивка од 734.000 евра. Нејзината профитна маргина лани е 17,5 отсто и е убедливо најдобра во споредба со другите два големи конкуренти кои имаат продажба на фаст фуд која се мери во милиони евра.