СДС вечер слави 35 години од константното разнебитување на Македонија и македонските идентитетски одредници

СДС и Венко Филипче вечерва слават роденден, цели 35 години од константното разнебитување на Македонија и македонските идентитетски одредници.

Се’ започна пред 35 години, како партија наследник на Комунистичката партија на Македонија, чиј имот го присвоија по независноста. Пред Референдумот пропагираа и сојуз со Србија и Црна Гора, а по него во првиот парламентарен состав одбиваа да ја пејат македонската химна, подрага им беше југословенската.

Во перидот 1991-ва до 1998-ма година успејаа да го сменат исконското знаме со сонцето од Кутлеш, да прифатат „привремено име“ БЈРМ кое го носевме до 2019-та (атентатот на Глигорот се случи само 20 дена потоа, а тој беше против бизарната FIROM кованица), за да ја извршат најкатастрофалната приватизација на државниот имот, да го партизираат целосно судството (600 судии во еден ден), за потоа по единствената „победа“ во историјата во постконфликтната 2002 година (1991-ве победи ВМРО-ДПМНЕ, 1994-та истите бојкотираа), да ја прекрои Македонија со луцидната територијална поделба од 2004-та, време кога се случи и „несреќата“ на претседателот Трајковски кој немаше шанси да ја потпише истата.

За среќа на Македонија, не беа на власт од 2006-та до 2017-та, но тоа се промени кога со измама и без победа на избори дојдоа на позиција за да по еден месец го потпишат Договорот со Бугарија, по што следуваше Договорот од Нивици и смена на уставното, исконско име на државата, уцените на пратенци кои под закани гласаа ЗА за предавството на националните интереси, ја донесоа неаргументираната двојазичност и за да кулминираат со прифаќањето на небулозниот пробугарски Француски предлог за кој над 80% на анкетите и дестици илјади граѓани на улица им викаа да не го прават истото. Следуваа и десетици тешки скандали и апашлуци на нивни функционери, многу тендери и грантови, најлошо справување со короната во Европа, Модуларната, Онкологија, Ласкарци, Струма, рекет врз Жан Митрев, премногу аздис, бифтеци и секојдневен резил за Македонија и Македонците, Пендиков, најцрниот период во историјата на државата. Затворија и една телевизија, неделник и четири весника во текот на „владеењето“ (читај аздисот).


И сега, Венко, Шмрчко, Богданка, Жерновски и Фани Сорос, под будно око на вистинскиот, црпнат лидер од некаде (никој не знае каде е Зоки) ќе го слават вечерва сето ова, во актуелен обид да затворат уште една телевизија, чекајќи ги мигрантите кои некаде заглавија, надевајќи се на банкрот на државата, радувајќи се на победите на Маѓар и Радев и ширејќи лаги и дезинформации во обид да превенираат правдата да дојде по одговорност за аздисот и арамилакот од последното, 7-годишно владеење.

Се очекува торжествена атмосфера на Бихаќка и урнебесен, незапамтлив настап на Заев Трети (Таче е Заев Втори), „лидер“ кој не случајно така  гордо го носи прекарот Кралот Зајдисонце.

Како кулминација на вечерта, ќе исклучеле уште некого од партија.