👁️  61

На први септември уште една учебна година започна катастрофално. Две години поминаа и се уште не се испечатени учебници во основното образование, а за средното стручно образование добивме признание од министерот дека немаат пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фијаско, после кое секој министер во Европа би си поднел оставка. А и тие материјали кои учениците ќе ги користат се со недозволиви грешки. Ако лани владата на Ковачевски испечати учебници кај што Албанија е наш источен сосед, а Бугарија западен, годинава реките Еуфрат и Тигар ги лоцираат во Африка. Не би не зачудило утре Ковачевски да излезе во обвинување дека ВМРО му е виновно, или можеби дека се работи за хибриден напад и што ли уште не, само и само да не ја признае неспособноста на својата влада и да понесе одговорност. Хаосот во образованието го надополнува и новата концепција со споени и модуларни предмети во која наставник од хемија предава и физика, во која тројца наставници предаваат три модули во еден предмет, посочиваат од партијата.

„Оваа концепција која спектакуларно ја најавуваа и ја нарекуваа фински модел, сега признаваат дека е пропадната. И За ова никој не сака да признае дека погрешил, дека направил штета и на наставниците и на децата и на целиот образовен процес.

Во овие 7 години власт на СДС и ДУИ во образованието нема апсолутно никаков успех. И тоа што го прикажуваат како покачување на платите на просветните работници не е ниту половина од зголемените трошоци за живот, што би се рекло, денес наставниците живеат посиромашно од било кога порано.

Епската неспособност и неодговорноста се едни од основните белези на оваа власт на ДУИ и СДС. Се што фатија се исушија, а најмногу од нив настрада токму образованието“ – се наведува во нивното соопштение.