Денеска, СДС целосно забега и орно влезе во подрумот на дното. Партијата на Заев и неговиот подизведувач Филипче утрото штотуку имбецилно најави војна во Македонија? Бихаќка со сиот ум прогозираше дека власта ја „повторувала истата формула“ од пред југословенскиот конфликт и истресе дека водела кон пропаст, поттикнувала некави си измислени меѓунационални тензии и замислете – создавала намерно конфликти со Бугарија и Грција?!?! Толку ли се уплаши врхушката од одговорноста за арамилакот врз народната каса во 7-годишното владеење, па во уплав целосно „отидоа“ со умот?
Само два дена по хејтерското, инфантилно и некрофилско однесување на Венко Филипче пред вечното почивалиште на најголемиот македонски син, каде на денот кој треба да значи обединување на македонскиот народ „лидерот“ се изнатресе глупости и зајде со говор на омраза и поделби, денеска истата таа партија ја злоупотреби годишнината од смртта на Сашко Гешовски, македонскиот војник чија жртва го означи стартот на крвавиот југословенски конфликт. Вака ли мизантропски и садистички секој ден ќе користат нечија смрт за да го продолжат животот на врхушката на чело на партијата? Ова ли е рецептот на Филипче за да остане „лидер“, за да има поголем имунитет ако правдата и законот затропаат на неговите порти? За да посаглам може да го брани вистинскиот лидер Заев ли?
Уверете се сами, како кекрофилите од СДС, веројатно под дејство на иљачот на Шмрчко денеска тотално забегаа и инфантилно срочија едно мизерно, неверојатно индолентно соопштение, до точка и запирка:
-„35 години од загинувањето на Сашко Гешовски – политиката на омраза и поделби повторно нè води кон пропаст
Денес се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во конфликтот што го доведе до распадот на Југославија.
Политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби тогаш целата земја ја втурнаа во крв и во трагедија.
Теориите на Милошевиќ за „домашни предавници“, „странски платеници“ и „Србија нема да се наведувва “ од една страна, и националистичките политики од другата, доведоа до војна и пропаст.
Денес, Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја повторуваат истата опасна формула.
Тој систематски го дели општеството, поттикнува меѓунационални тензии, намерно создава конфликти со Бугарија и со Грција, фабрикува вести и дезинформации.
Секој кој не се согласува со него е „предавник“, „мекотел“, „коленичи“, „талог на општеството“ или „мочуриште“.
Истата реторика на омраза и поделби која нè доведе до трагедија пред 35 години, денес повторно се користи за да се заштити криминалната организација ВМРО-ОКГ и да се блокира европскиот пат на Македонија.
Ние имаме избор:
Дали ќе дозволиме Мицкоски и неговата организирана криминална група да нè вратат во 90-тите години – во изолација, сиромаштија и поделби, само за да ја заштитат својата власт и своите тендери?
Или ќе одиме напред – кон светла европска иднина, во демократска заедница каде владее право, каде се гради просперитет за сите граѓани и каде Македонија станува полноправен дел од европското семејство?
СДСМ јасно и недвосмислено стои на страната на мирот, единството и европската иднина.
Сите заедно за подобра иднина!“ пишаа халуцигено дечките на очајникот Заев, стокмено без никаков срам или перде, за некаква одговорност да не зборуваме.
Искрено, знаеме дека одамна немаат пилот во авионот, ама дечки, олабавете го тоа „белото“, смирете се малку и опуштете се, јест да врхушката е во очај поради претстојното можно „свирење клавир“ поради зулумите од минатото, но ги минавте сите граници на пристојното однесување, како партија, макар и на залез, имате општествена одговорност да не ширите говор на омраза, лаги, да не правите инфантилни инсинуации и аналогии, а особено да не најавувате вакви имбецилни идиотштини.
Жолтото комбе кое истите суртуци толку го зборуваа за време на шарената револуција, велат дека деновиве се почесто го гледале на Бихаќка.
Не, не она што демек прислушкува, туку она вистинското ЖОЛТО КОМБЕ кое е синоним за вдомување на лабилни личности кои не добиле лекарско уверение, со крајна дестинација Бардовци. И не, не во фенси населбата…
https://www.dailymotion.com/video/x5js1xl








