Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, при денешниот престој во Дебар, одговарајќи на прашање околу можноста за предвремени парламнетарни избори, рече дека ставот и размислувањето на Вреди е познат, дека тоа е процес во кој што државата влегува во друга фаза на функционирање и оти за време на предвремни избори ќе има и техничка влада, што за партијата е стагнирање на функционирање на институциите на државата.
Меѓутоа, додаде, „нашата спремност за учество на тие избори сме го кажале во неколку наврати, дека сме спремни и расположени доколку има предвремени избори, меѓутоа технички, органзациски сметаме дека тоа се избори кои треба да се одржат во април 2028 година“.
– Сметам дека државата треба да оди напред, да се развива а не да ги исполнува желбите на опозицијата која што за жал ќе ги изгуби и следните избори и сметам дека ние како влада треба да бидеме одговорни пред граѓаните и да ги исполниме сите проекти кои сме ги ветиле. Во име на развојот гледаме конкретни прокети кои се реализираат, тука а и денеска потпишаниот договор за патот Скопје – Блаце, и многуте прокети кои сме во фаза на потпишување или со започнати градежни работи, одговори Сали на прашањето на МИА.








