САД: Пет пешаци покосени од камион на заледен автопат

Пет лица загинаа кога камион ги покоси среде заледен автопат во североисточна Пенсилванија, додека се движеле пеш откако ги оставиле своите возила поради судир, соопшти денеска американската полиција.

Загинатите се лица кои се превезувале со комбе кое поради снегот се лизнало и удрило во оградата на патот, и од автомобилот кој удрил во него. Тие ги оставиле хаварисаните возила и тргнале пеш да се симнат од патот, но биле покосени од камион.