Роналдо: Се приближуваме до нашата цел

Португалскиот напаѓач, Кристијано Роналдо даде свој коментар за нерешениот резултат 2:2 со Унгарија синоќа во Лисабон во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

– Се приближуваме до нашата цел! Напред, Португалија!“ напиша 40-годишникот на социјалните мрежи.


Роналдо ги постигна двата гола за португалската репрезентација и со 41 погодок е водечки стрелец во Мундијалските квалификации.

Португалија, со 10 бода од четири натпревари, ја предводи Групата Ф, Унгарија е втора со пет бода од четири натпревари.