Вардар и официјално е елиминиран од Европската лига на ЕХФ, а Рајн-Некар се пласира во фазата по групи, откако и во реваншот, во Хајделберг оствари победа, овој пат со 37-33, во поинтересен и поизедначен натпревар од оној во Скопје, пред осум дена (25-34).
Лазаревски запиша седум од седум, а Јагуриновски и Петриќ го следеа со по шест гола. Томовски и Гогов заедно имаа седум одбрани, колку Апелгрен, кој беше надополнет од колегата Бирлем со четири интервенции во вториот дел. Захарис, Колбахер и Андерсен постигнаа по седум гола.
foto: gol.mk