Откако во 2021 година заработила пријавени 360 милиони долари со споделување секси фотографии на интернет, мајката на две деца Блек Чајна решила без голема врева да се откаже од својот профитабилен профил на Онлифенс, нарекувајќи ја стриминг услугата базирана на претплата „ќор-сокак“.
– Веќе не работам на Онлифенс, воопшто не го правам тоа – објаснила Чајна (34) за време на нејзиното појавување во шоуто Џејсон Ли оваа недела, каде што зборувала за сè, и тоа од нејзината новооткриена трезвеност до избегнување хејтери на интернет.
– Само менувам се кај мене – додала поранешната стриптизерка која стана ријалити ѕвезда. „Тоа е ќор-сокак. Сите овие работи се ќор-сокак и знам дека вредам многу повеќе од тоа, рекла Чајна, која го дели 10-годишниот син Кинг Каиро со раперот Тајга (33) и 6-годишната ќерка Дрим Кардашијан со Роб Кардашијан (35). Го истакнала и „давањето пример“ на своите деца како главна мотивација за напуштање на платформата.
На одредена возраст гледаат сè и се стремат кон се – рекла таа за своите деца пред да посочи дека за нејзиното заминување придонеле и нејзините бројни правни проблеми.