РЦУК Битола: Успешно завршена интервенцијата со цистерната од која истекуваше метан

Од РЦУК Битола, известуваат дека интервенцијата со цистерната од којашто истекуваше метан на патниот правец Прилеп-Плетвар кај Каменоломот е успешно завршена по 20.00 часот од страна на инспекторот од ДЗС.

На терен биле екипите на ТППЕ Прилеп и екипа од ПС Прилеп кои вршеле регулирање на сообраќајот.