Во согласност со член 33 став 1 алинеја 7 од Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а во чест и спомен на поетесата Даница Ручигај (1934-1963), Управниот одбор на ДПМ на 3 јули 2026 г. го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска книга „Даница Ручигај“ за 2026 г.
Наградата „Даница Ручигај“ се доделува за необјавена поетска книга напишана на македонски јазик или на некој од јазиците на националностите во РСМ, со доставен превод на македонски јазик и уредно пријавена на конкурсот што го распишува ДПМ, а во согласност со критериумите и условите наведени во Правилникот за доделување на наградата. Во согласност со Статутот на ДПМ, право на учество на конкурсот имаат сите активни членови на Друштвото на писателите на Македонија кои до денот на затворање на конкурсот ги подмириле своите членарини.
Учесниците на конкурсот својот ракопис можат да го испратат во печатен формат: четири (4) примероци од делото (по еден за секој од тројцата членови на жири-комисијата и еден за архивата на ДПМ) на адресата Друштво на писателите на Македонија, Ул. „Максим Горки“ бр. 18, 1000 Скопје, но можат да го достават и електронски, во pdf формат, на мејл адресата drustvonapisatelimk@gmail.com.
Конкурсот ќе биде отворен до 16 август 2025 (недела).
Наградата „Даница Ручигај“ се состои од плакета (повелба) и од печатење на стихозбирката во едицијата „Даница Ручигај“.
Заинтересираните учесници потребно е внимателно да ги прочитаат критериумите и условите за учество, и да се запознаат со начинот на избор на добитничкото дело, содржани во Правилникот и во Деловникот за наградата.
Ова е второ издание на конкурсот „Даница Ручигај“, каде наградата се доделува на необјавен ракопис. Прв лауреат на наградата беше збирката песни „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, со која отпочна едицијата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија
Конкурсот „Даница Ручигај“ се организира со поддршка од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.








