👁️  33

Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби попладнево од холандскиот тенисер Јеле Селс со 2-0 во сетови (6-2, 6-4) во воведното коло на Челинџер 50 турнирот во германски град Хамбург.

Клучни за поразот на Ивановски на турнирот што се игра за награден фонд 36.000 евра се покажаа реализираните брејк топки од страна на Селс, кој искористи три од 10-те можности, додека Ивановски немаше брејк-топка во дуелот, кој траеше еден час и 27 минути.

Ивановски оваа недела ја почна на 305. место на АТП листата што е негов најдобар пласман во кариерата.

Македонскиот тенисер напредуваше 26 позиции, откако ги мина квалификациите на Челинџерот во Братислава и дојде до второто коло. (МИА)