Ракометната селекција на Македонија до 20 години го забележа и третиот пораз на Европското младинско првенство кое што се одржува во Романија.
На затворањето од групата Д избраниците на Игор Илиевски беа убедливо поразени од соодветната селекција на Данска, која со доминантна игра во текот на сите шеесет минути извојува триумф од 20-34 (8-15).
Поповски и Гурмешевиќ со по четири гола беа најпрецизни во таборот на Македонија, која сега ќе игра доигрување да избегне последно место на овој шампионат.
Претходно, ракометарите беа поразени од Норвешка и Хрватска.







