Системот издал предупредување за евакуација непосредно пред 8 часот по локално време, но по кратко време го укинал, наведувајќи дека „погрешно“ предвидел дека проектилот ќе слета во близина на островот.
Ракетата лансирана од Северна Кореја во четвртокот навечер предизвика страв и збунетост во Јапонија, откако владиниот систем за предупредување ги предупреди жителите дека проектилот може да слета на или во близина на северниот јапонски остров Хокаидо, пишува “Guardian”. Сепак, предупредувањето набрзо било укинато.
Северна Кореја лансираше проектил во морето во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета.
Лансирањето доаѓа два дена откако севернокорејскиот државен медиум “KCNA” објави дека лидерот Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на военото одвраќање на земјата на „попрактичен и поофанзивен“ начин, за да се спротивстави на, како што ја нарече, агресијата на САД.