👁️  19

Експертите за готвење тврдат дека ќе го добиете најдобриот вкус на ова јадење ако го подготвите со застарен и сув ориз што сте го зготвиле претходниот ден и го чувате во фрижидер преку ноќ.

Ви го пренесуваме рецептот за наједноставната варијанта на пржен ориз со малку зеленчук и матени јајца.

Состојки:

700 гр варен ориз
70 гр замрзнат грашок
3 чешниња лук
3 супени лажици путер
3 лажици соја сос
2 моркови
2 јајца
1 мал кромид
½ лажичка масло од сусам
сол и црн пипер

Подготовка:

Загрејте една лажица путер во вок или поголема тава, па на неа испржете изматени јајца. Испржените јајца извадете ги од тавата и оставете ги на страна.

Во истото тавче загрејте уште една лажица путер и пропржете ги кромидот и морковот кои сте ги исечкале на помали парчиња. Пржете сè заедно со малку сол и бибер околу четири до пет минути додека зеленчукот не омекне.

Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно уште половина минута.

На едната страна од тавата ставете го зеленчукот, а од другата растопете ја последната лажица путер.

Во тавата додадете го сварениот ориз, замрзнатиот грашок, соја сосот и маслото од сусам и сè измешајте со зеленчукот. Пржете на висока температура околу три минути додека оризот не ги „впие“ сите вкусови и стане крцкав.

Вратете ги јајцата во тавата, измешајте сè и послужете топло. Украсете со парче млад кромид. Добар апетит!