👁️  19

Уште пред да почне мечот се знаеше кој е кој во овој дуел, Полјаците се апсолутен фаворит, а нашата цел беше да им парираме колку што можеме подобро.

Во првиот сет не успеавме, беше 9-9 кога нашите одбојкари се укочија, Полска почна да доминира, и го доби сетот со неверојатни 25-12.

Вториот сет беше многу поинаков, се држевме до самиот крај беше 21-21. Полска имаше подобар финиш на сетот, ги освои следните четири поени и го доби сетот со 25-21.

Третиот сет беше сличен на првиот, се држевме до 9-9, потоа Полска се одлепи и на крајот го доби сетот со 25-14.

Најдобар поентер во нашиот табор и на овој меч беше капитенот Никола Ѓоргиев со 12 поени.

Ова беше очекуван пораз на македонската репрезентација, следниот натпревар е во вторник кога играме против Холандија со почеток од 17 часот.