👁️  33

Пилотот се катапултирал од пилотската кабина и паднал со падобран на безбедно во населбата Северен Чарлстон. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата
Американските воени претставници ги пронајдоа остатоците од воениот авион Ф-35 кој исчезна вчера попладне откако пилотот се катапултираше над Јужна Каролина. Властите соопштија дека ги откриле остатоците од авионот вреден 100 милиони долари во руралниот округ Вилијамсбург, два часа североисточно од базата Чарлстон.

Пилотот се катапултирал од пилотската кабина и паднал со падобран на безбедно во населбата Северен Чарлстон. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата.

„Истрагата моментално е во тек и не можеме да презентираме дополнителни информации за да не го загрозиме интегритетот на истражниот процес“, соопштија денеска властите по завршувањето на претресот.

Тие побараа од јавноста да се држат настрана од областа за иследниците да можат да ја завршат својата работа.

Борбениот авион бил на автопилот кога пилотот се катапултирал, изјави портпаролот на базата Чарлстон за Ен-би-си њуз, додавајќи дека можеби веќе некое време бил во воздух, што ја комплицирало потрагата.

„Електрониката на транспондерот најверојатно не функционирала и затоа војската повеќе не можела да ја следи локацијата на авионот. Можно е авионот да продолжил да лета откако пилотот се катапултирал, но тоа е крајно малку веројатно поради штетата предизвикана од исфрлањето на седиштето и промена на аеродинамиката поради губење на куполата“, додаде портпаролот.

Авионот, FB-35B Lightning II, припаѓал на 501-та поморска ескадрила за обука на ловци. Пилотот кој се катапултирал е пренесен во болница и е во стабилна состојба. Уште еден Ф-35 кој летал во исто време безбедно се вратил во базата. Ф-35 е таканаречен „невидлив“ борбен авион, односно е дизајниран така што е многу тешко да биде откриен од непријателските радари.

Воздушната база Чарлстон вчера на социјалните мрежи објави известување за исчезнувањето на борбениот авион и побара помош од јавноста во потрагата, што пак предизвика критики на интернет. Ненси Мејс, републиканска конгресменка од Јужна Каролина, на социјалната мрежа X, поранешен Твитер, напиша:

„Како, по ѓаволите, губиш Ф-35? Како нема