Триесет и седум годишната жена од Ваксинце која вчера беше пријавена за исчезната е пронајдена жива.
Ова го потврдуваат од СВР Куманово, а повеќе информации се најавуваат во текот на денот.
Од Центарот за управување со кризи, вчера попладне информираа дека добиле пријава за исчезната жена, по што било побарано од МВР да се вклучат дронови во акцијата за пребарување.