Промоција на списанието посветено на фантастиката во книжевноста и уметноста ATHANATIK

Во Галеријата Метаноја вечер во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на списанието посветено на фантастиката во книжевноста и уметноста ATHANATIK.

За списанието ќе зборуваат главната уредничка Маријана Териќ (Црна Гора) и уредничкиот тим од Македонија : акад. Влада Урошевиќ и проф. Лидија Капушевска – Дракулевска.


ATHANATIK е ретка и драгоцена публикација на регионалната сцена, која овозможува простор и видливост за тековите на современата фантастика, хорор, научна и епска фантастика. Списанието ни ги отвора вратите до фантастични настани и суштества од класичната митологија, народните преданија, бајките и еповите, водејќи го читателот низ мистични предели и чудесни светови, откривајќи му простори на слобода и бескрајна имагинација, посочуваат организаторите на промоцијата.