Пренџов: Македонија денес е држава со стабилни функционални и демократски институции

Македонија денес е држава со стабилни функционални и демократски институции. Држава во која граѓаните имаат изградено високо ниво на демократска култура и политичка зрелост. Тоа нè обврзува да носиме одлуки што ќе ја зацврстат, а не ќе ја релативизираат институционалната стабилност, се вели во Фејсбук статусот на пратеникот Љупчо Пренџов.

– Техничките влади беа решение за едно поинакво време. Денес, таа потреба е надрасната.

– Фактот што Советот на Европа го укина пост-мониторингот е силна потврда дека системот функционира, дека демократијата созрева и дека институциите имаат капацитет самостојно да гарантираат фер и демократски процеси.

– Нам не ни требаат привремени конструкции. Ни треба суштинска политичка конкуренција. Ни треба дебата. Ни требаат идеи, визија и јасна понуда од сите политички чинители.
Време е за политики – не за импровизации.