Предизборен ТОНЧ за Филипче: Бранко Црвенковски во кафеана со градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и советничка на ЗНАМ

Поранешниот премиер, претседател на државата, лидер и икона на СДСМ, Бранко Црвенковски, предизвика бура реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ. објави Скопје1.мк

На една од фотографиите, Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политички живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.

На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.

„Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска.

Објавените фотографии веднаш предизвикаа лавина коментари, особено поради долгогодишното повлекување на Црвенковски од јавната сцена.


Познавачите на состојбите во СДСМ ова го толкуваат како класична предизборна шлаканица за Венко Филипче и Зоран Заев, акт со кој „Папата“ дава јасна и јавна поддршка на партијата на Максим Димитриевски и на некогаш вечните опоненти ВМРО-ДПМНЕ, силно разочаран од антимакедонските полтики на Заев и неговите октроирани наследници на тронот на СДСМ, сега претставени во ликот и недеото на Филипче.

На два дена пред избори, Бранко се јави, навистина се јави, со јасна порака до членството на СДСМ…