Повеќе од 200.000 малолетници најверојатно биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците во Шпанија, се наведува во извештајот на независната истражна комисија за злосторства врз деца во Католичката црква. Во извештајот не е наведена точната бројка, но содржи анкета спроведена меѓу повеќе од 8.000 луѓе на барање на комисијата, која покажува дека 0,6 отсто од возрасните Шпанци (речиси 39 милиони луѓе) изјавиле дека биле сексуално злоупотребувани од свештеници кога биле малолетни. Дополнително, нешто помал број Шпанци (0,53 проценти) изјавиле дека како деца биле сексуално злоставувани од лаици кои работеле во верски институции. Извештајот се однесува на период од 70-тите години на минатиот век до денес. Шпанија, земја со силна католичка традиција, досега немаше спроведено независна истрага за разлика од Франција, Германија, Ирска и САД

Израелската војска денеска го обвини палестинското исламистичко движење Хамас дека „води војна од болниците“ во Појасот Газа и дека го користи своето население како „човечки штит“.

– Во болниците има гориво што Хамас го користи за својата терористичка инфраструктура. Терористите слободно се движат во болницата Ал-Шифи во градот Газа, најголемата на палестинската територија и во други болници, изјави воениот портпарол Даниел Хагари, повторувајќи го израелското обвинување дека Хамас го користи населението во Газа како „човечки штит“.

Според портпаролот, исламистичкото движење ги користи болниците како „командни пунктови и скривалишта“, од каде имаат пристап до нивната мрежа на подземни тунели.


Хамас остро возврати веднаш на тие обвинувања на израелската Армија дека ги злоупотребува болниците за да ги заштити своите воени напори.

– Нема основа за вистината во она што го изјави портпаролот на непријателската армија, рече Изат ал Ришк, висок член на политичкото биро на Хамас. Тој го обвини Израел дека ги изнесе наводите за „да го отвори патот за нов масакр врз нашиот народ“.