ПОТТИК НА ЕКОНОМИЈАТА: Кина за 2025 година подготвува рекордна емисија обврзници во вредност од 411 милијарди долари

Кина следната година планира да продаде специјални трезорски обврзници од три билиони јуани (411 милијарди долари), со цел да ја поттикне економијата.

Средствата од обврзниците ќе бидат употребени како субвенции за потрошувачката, надградба на бизнис опремата, како и вложување во клучната технологија и напредните производствени сектори.

Кинеските специјални државни обврзници се издаваат за посебни цели – како што е финансирање на потрошувачката за анулирање на последиците од пандемијата и поради тоа не се пресметани во главниот буџетски дефицит.

фото: МИА архива