👁️  12

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека војската не очекува утрешната посета на Израел на американскиот претседател Џо Бајден да ја одложи или комплицира копнената операција во Газа.

-Мислам дека претседателот исто така рече дека „Хамас треба да биде уништен“, а тоа е токму нашата воена цел, изјави за Си-Ен-Ен, потполковник Џонатан Конрикус.

Бајден ќе оствари утре посета на Израел што се толкува како демонстрација на огромната поддршка на Вашингтон за Ерусалим по нападот на Хамас на 7 октомври.

Тој ќе биде првиот шеф на држава што ќе го посети Израел од почетокот на конфликтот.