
Пријатели на АНАЛИТИКУМ.MK се една од најголемите хуманитарни организации БАНКА ЗА ХРАНА позади себе имаат 36 успешни проекти, 5.400.000 поделени оброци, 750 донации, 5.300 помогнати семејства и секојдневно обезбедуваат оброк за над 300 лица.
Главната дејност и мисија на организацијата се состои во собирање на вишоци на храна од сите оператори со храна. Отворени сме за соработка со производители, дистрибутери и трговци, со сите хумани правни и физички лица кои сакаат да помогнат.
Помошта се споделува со:
Фамилии и поединци во социјален ризик
Самохрани родители и жени жртви на семејно насилство
Фамилии и поединци со ниски примања
Деца од улица
Центри на лица со хендикеп и на фамилии на лица со хендикеп
Центри за рехабилитација на зависници од дрога и алкохол
Сиромашни фамилии и поединци во рурални средини
Стари и изнемоштени лица
Волонтерите на организацијата ја складираат, евидентираат, сортираат и дистрибуираат донацијата до сиромашните и социјално загрозени категории наши сограѓани.
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОМОШ И ДОНАЦИИ МОЖЕ ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ ВО ПРОДОЖЕНИЕ:
E-mail: bankazahranamk@gmail.com
Web: www.bankazahrana.org
Facebook: WSS Effect – Банка за храна МК, Food Bank Macedonia – Банка за храна Македонија
Tel: +389 70 343 636