👁️  12

Поранешниот фински претседател и поранешен специјален пратеник на ОН за Косовo, Марти Ахтисари, почина утрово во Хелсинки на 87-годишна возраст, објавено е на веб-страницата на неговата мировна фондација ЦМИ.

Ахтисари, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година, беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година и имаше истакната кариера во Обединетите нации и во финското Министерство за надворешни работи.

Во 2000 година, тој ја основа независната фондација ЦМИ (Иницијатива за управување со кризи), денес позната како – Фондација за мир Марти Ахтисари.