Сите фанови на серијата „Сулејман Величествениот“ беа воодушевени од веста дека Мерјем Узерли и Халит Ергенч, кои ги играа ликовите на Сулејман и Хурем, повторно ќе глумат заедно.
Овој пат, двајцата ќе играат вљубен пар во филмот Imroz’da Bahar (Пролет на Имроз).
Оваа вест се прошири откако фотографиите од снимањето се појавија на интернет и привлекоа големо внимание.
Додека некои се сомневаат дека станува збор за вештачка интелигенција, други се сигурни дека станува збор за автентични фотографии.
Во новата продукција, главните улоги им се доверени на Ергенч и Узерли, додека режијата ја потпишува наградуваниот автор Озџан Алпер. Тој е режисер познат по насловите „Sonbahar“ („Есен“), „Karanlik Gete“ („Темна ноќ“), „Erken Kis“ („Рана зима“) и „Ashiklar Bayrami“ („Фестивал на вљубените“).
Филмот се одвива на островот Имроз, денес познат како Ѓокчеада, најголемиот остров во Турција во Егејското Море. Приказната ја следи средбата на двајца луѓе чии патишта се вкрстуваат на ова место, отворајќи го прашањето дали е можно да се започне ново животно поглавје и повторно да се пронајде љубовта.
View this post on Instagram







