Струга ТЛ – Брера 0:1 и Тиквеш – Арсими 1:1 се резултатите од последните два меча од 30.коло во ПМФЛ кои се играа во Струга и Кавадарци, со што се затвори ова коло.
Во Струга каде Брера успеа да ја победи Струга ТЛ со 0:1 и тоа со голот на Петровиќ во 87.минута.
Гол за огромна победа, победа која е златна за струмичани со која се освоени три бода со кои веројатно струмичани ќе го избегнат директното испаѓање.
Интересно, ова е втор пораз и тоа дома за Струга ТЛ од Брера, сезонава, нема победа, и оваа серија трае веќе пет меча.
Струга ТЛ беше доминанта, иако од 71.минута играше со играч помалку, по исклучувањето на Хамза, имаше барем три – четири големи шанси за гол, но етем не успеа. Затоа на другата страна гостите преку Петровиќ постигнаа гол за победа.
Во Кавадарци домашниот Тиквеш и Арсими одиграа 1:1, и поделија по бод. Интересен меч ако се знае дека уште во 19.минута домашните останаа со играч помалку откако Камара по грубиот старт врз Гафури, доби директен црвен картон.
Во 24.минута Рамадани му донесе водство на Тиквеш за 1:0, но гостите со голот на Гони успеаја да израмнат.
Во продолжение од средбата гледавме израмнет меч, имаа шанси и двете екипи, но немаше гол за победа.
Па така сега Тиквеш е петти со 41 бод, Арсими седми со 39, Брера е осма со 36, а Струга ТЛ се чини ги загуби шансите на крајот да биде втора.






