Пет случаи на семејно насилство во последното деноноќие, едно лице лишено од слобода

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека во последното деноноќие има пет пријави на случаи за семејно насилство и дека едно лице е лишено од слобода.

Вчера во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б.(43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка.

Околу 11:00 часот вчера во СВР Куманово, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) агресивно се однесувал и психички ја малтретирал.

Во 10:40 часот вчера во ОВР Струга, 56-годишна жена од струшко пријави дека нејзиниот партнер подолг временски период физички и психички ја малтретирал, а дента ја избркал од дома, при што ѝ ги одзел клучевите од домот.


Во 19:30 часот во СВР Скопје 59-годишна жена пријави дека околу 13:00 часот на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен сопруг Љ.Ц.(65) упатувал закани кон неа и нивниот син.

Ноќеска 15 минути по полноќ во СВР Скопје 48-годишна жена пријави дека на 15.04.2026 нејзиниот поранешен партнер Д.Н.(51) упатувал телефонски закани кон неа, нејзините деца и кон нејзиниот поранешен партнер.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.