Пешак тешко повреден во Тетово

На 28.04.2026 во 08:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(54) од Тетово, удрило во пешакот А.К.(29) од Тетово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираат од тетовската полиција.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.